Seda Sevencan
11 Јануари 2022•Ажурирај: 11 Јануари 2022
ИСТАНБУЛ
Утринава на 65 години почина претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, почина на 11 јануари во 01:15 часот во Авиано, Италија, каде што беше хоспитализиран“, изјави на Твитер, неговиот портпарол, Роберто Куило.
„Датумот и местото на погребот ќе бидат соопштени во наредните неколку часа“, додаде Куило.
Сасоли беше хоспитализиран на 26 декември во Италија, поради сериозна комликација како последица на дисфункција на имунолошкиот систем, се соопштува од неговата канцеларија.
Во септември минатата година, тој беше примен во болница со пневмонија и со недели не беше во можност да претседава со пленарните седници и да присуствува на состаноци на високо ниво.