Saimir Alija
03 Февруари 2020•Ажурирај: 04 Февруари 2020
ТИРАНА (АА) - Претседателот на Европсиот Парламент (ЕП), Давид Сасоли, имаше свое обраќање на пленарната седница во Парламентот на Албанија, во рамки на неговата официјална посета на оваа земја, каде укажа на процесот за интеграција на Албанија во Европската унија (ЕУ), јавува Агенција Анадолија (АА).
Сасоли нагласи дека во Албанија се наоѓа за да ја повтори довербата во институциите на ЕУ за што побргу да им овозможат на Албанија и Северна Македонија повторно да го започнат европското патување.
„Јас тука се наоѓам за да ја повторам довербата во Европскиот парламент и Совет за што побргу да им овозможат на Албанија и Северна Македонија повторно да го започнат нивното патување“, додаде Сасоли.
Сасоли рече дека треба да овозможат да се пополни вакумот во географската карта на Европа, што според него е патот кој земјите од Западен Балкан и Албанија треба да ги започнат за да се интегрираат и да се развијат заедно.
„Верувам дека Албанија може да претстави пример за другите“, нагласи Сасоли, изразувајќи желба во насока на тоа дека што поскоро да се отворат преговорите, со можност пред самитот во Загреб.