Ekip
10 Јануари 2022•Ажурирај: 11 Јануари 2022
ЕРУСАЛИМ
Премиерот на Израел, Нафтали Бенет, порача дека таа земја нема да се придржува на ниту еден договор што светските сили го постигнале со Иран и на неговата нуклеарна програма, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Израел не е дел од договорите и не е задолжен да ги почитува. Израел ќе ја задржи неограничената слобода на дејствување“, изјави Бенет пред Комитетот за надворешни работи и одбрана на израелскиот парламент Кнесет.
Весникот „Ерусалим пост“ јавува дека Бенет исто така рекол дека Иран е глава на октопод што постојано се заканува на Израел.
Во саботата, руските и иранските власти соопштија дека е постигнат напредок во преговорите во Виена за обновување на нуклеарниот договор од 2015 година.
Рускиот претставник во иранските нуклеарни преговори, Михаил Улјанов, рече дека разговорите се одвиваат бавно, но стабилно.
Осмата рунда маратонски преговори меѓу Иран и П4 + 1 (Русија, Кина, Франција, Велика Британија и Германија) продолжи во австриската престолнина на 27 декември.
Разговорите се фокусираа на клучното барање на Иран за укинување на санкциите наметнати од поранешната американска администрација по едностраното повлекување од договорот во мај 2018 година.