Ruslan Rehimov
04 Ноември 2020•Ажурирај: 05 Ноември 2020
БАКУ
Азербејџанската Војска ослободи уште седум села од окупацијата на Ерменија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер ја потврди претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев.
„Победничката Војска на Азербејџан од окупација ги ослободи селата Мирек и Кавдар на Џебраил, селата Мешедисмајили и Шефибејли на Зенгилан и селата Башарат, Каракишилер и Караџалли на Губадли. Нека живее Војската на Азербејџан! Карабах е на Азербејџан!“, напиша претседателот Илхам Алијев.
Аазербејџанската Војска во рамки на операцијата што ја започна на 27 септември во Нагорно Карабах, од ерменската окупација спаси четири центри на градови, три гратчиња, околу 200 села и некои важни позиции.