Mümin Altaş
04 Ноември 2020•Ажурирај: 05 Ноември 2020
АНКАРА (АА) - Воздухопловните сили на Азербејџан срушија авион од типот „Су-25“ на Ерменија, кој бил во подготовка за напад, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за национална одбрана на Азербејџан.
Во соопштението се вели дека азербејџанските Воздухопловни сили херојски ја продолжуваат борбата за ослободување на своите окупирани територии.
„Срушен е ерменски авион од типот „Су-25“ кој бил во подготовка за напад. Со ова, срушени се вкупно 7 авиони на Ерменија“, се наведува во соопштението.