Ekipa
12 Октомври 2021•Ажурирај: 14 Октомври 2021
АЛЖИР (АА) - Алжирскиот претседател, Абделмаџид Тебун, зборуваше за официјалниот извештај во врска со францускиот масакр на речиси 4.000 верници за време на колонијализмот во периодот меѓу 1830 и 1962 година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Верниците беа убиени додека организирале седница во османлиската џамија наречена „Кечауа“ во обид да го спречат нејзиното претворање во црква.
„Франција нѐ колонизираше 132 години, во текот на кои имаше грозоморни злосторства што не можат да се избришат со сладок збор. Има семејства и племиња кои се целосно избришани, како што е Заатча (југоисточно од Алжир), па дури и доенчињата не беа поштедени“, изјави Тебун во телевизиско интервју.
Тој додаде: „Тие во Кечауа убија 4.000 верници кои беа маченици откако беа опколени со топови и беа истребени.“
Џамијата „Кечауа“ е изградена од Каир ел-Дин Барбароса, тогашниот османлиски владетел на Алжир, во 1520 година во населбата Касбах, во главниот град Алжир.
Алжирските историски прикази покажуваат дека тогашниот француски владетел на Алжир, војводата Де Ровиго, одлучил кон крајот на 1832 година да упадне во џамијата за да ја претвори во црква.
По противењето на овој потег од страна на жителите на градот, тој ја урна џамијата, ги масакрираше оние што беа внатре и ги запали копиите од муслиманската света книга, Куранот.
Џамијата „Кечауа“ на медитеранскиот брег, важен симбол на алжирската независност, за првпат се користеше како воено складиште за време на француската окупација, а подоцна и како резиденција на архиепископите во Алжир.
По уривањето на џамијата во 1844 година, била изградена голема црква и зградата останала катедрала сè додека Алжир не стекнал независност во 1962 година.
Џамијата беше затворена во 2008 година поради штетите предизвикани од силниот земјотрес во земјата во 2003 година.
Во април 2018 година, џамијата беше повторно отворена по нејзината реставрација од страна на Турската агенција за соработка и координација (TIKA) во согласност со оригиналниот отомански архитектонски план проучен од историчари и истражувачи и од Алжир и од Турција.