Eşref Musa,Mohamad Misto
12 Октомври 2021•Ажурирај: 13 Октомври 2021
ДЕИР ЕЗ-ЗОР (АА) - Извршени се напади врз три воени точки на терористички групи поддржани од Иран во редовите на режимот на Башар ал Асад во сирискиот град Елбукемал, близу до границата со Ирак, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите од локални извори до кои стигна АА, трите воени точки кои припаѓаат на групи поддржани од Иран на истокот на Елбукемал во сириската покраина Деир ез-Зор биле цел на воздушни напади.
Како резултат на нападите со вооружени беспилотни летала слушнати се 7 експлозии. Сè уште не се знае на чија земја и припаѓаат беспилотните летала.
Извори во регионот истакнаа дека слушале звук на мотор на беспилотно летало, кое летало долго време пред да се слушнат експлозии.
Се наведува дека во нападот има загинати и повредени.
Исто така се додава дека околу половина час пред воздушните напади извршен е ракетен напад врз гасното поле во подрачјето на Шедади во покраината Хасека, кое беше окупирано од терористичката организација ЈПГ/ПКК. Во нападот изгореле три возила.
Воздушни напади беа извршени врз базата на Иранската револуционерна гарда во Елбукемал, која е во редовите на режимот на Асад, на 14 јуни и на 15 септември од воени авиони со непознато потекло. Во двата напади загинаа три лица, додека четири лица беа повредени.
- Присуството на групи поддржани од Иран во Деир ез-Зор -
Деир ез-Зор се наоѓа на границата меѓу Сирија и Ирак. Градот обезбедува копнена врска од Иран до Либан. Низ овој град минуваат и цевководи и трговски патишта од Ирак и Јордан.
Центарот и западниот дел од покраината Деир ез-Зор со помош на групите поддржани од Иран и Русија падна под контрола на режимот на Асад по повлекувањето на ДЕАШ во ноември 2017 година.
Странските терористички групи поддржани од Иран, кои станаа копнена сила на режимот во граѓанската војна во Сирија, најинтензивно присуство имаат во Деир ез-Зор, кој се наоѓа на границата со Ирак.
Припадниците на Иранската револуционерна гарда ги командуваат терористичките групи со потекло од Иран, Ирак, Либан, Авганистан и Пакистан, кои војуваат во редовите на режимот.
Областа на Деир ез-Зор, што се наоѓа на исток од реката Еуфрат, е окупирана од терористичката организација ЈПГ/ПКК, поддржана од САД.