Балкан

Нова „Османлиска“ џамија ќе се изгради во Скопје

Во населбата Топанско Поле во Скопје, ќе се изгради нова џамија со османлиска архитектура, од што се очекува да ги задоволи потребите за вршење на верските обреди на населението

Dzihat Aliju  | 25.03.2017 - Обновена : 26.03.2017
Нова „Османлиска“ џамија ќе се изгради во Скопје

Skopje

СКОПЈЕ (АА) – ЏИХАД АЛИУ

Преземени се првите чекори за изградба на новата „Топанска централна џамија“ во Скопје, која ќе ја гради Фондацијата на управата за верски работи во Турција (ТДВ).

Во населбата Топанско Поле во Скопје, ќе се изгради нова џамија со османлиска архитектура, од што се очекува да ги задоволи потребите за вршење на верските обреди на населението. Земјиштето, каде што ќе биде изградена џамијата започна да се заградува, а во тек е и монтирањето на градежните канцеларии.

Џамијата ќе биде во форма на комплекс, во чии рамки ќе има затворен паркинг простор, курсеви за Куран, сали за конференции, кујна, летниковец, како и административна зграда. Оваа џамија, со своите карактеристики, ќе наликува на Михримах Султан џамијата, која се наоќа во Едирнекапи, во Истанбул и на џамијата Коџатепе, која се наоѓа во Анкара.

Советникот за верски услуги при амбасадата на Турција во Скопје, Мурат Алкан, во изјава за Аnadolu Аgency (AA), рече дека, проектот ќе биде воден од ТДВ и компанија на ТДВ, КОМАШ, Исламска верска заедница на Македонија и Општина Чаир.

Алкан соопшти дека, џамијата ќе има османлиски карактристики и ќе биде со две минариња.

„Планираме да ја завршиме изградбата за 2 – 2,5 години од самото започнување. На ова земјиште, ќе биде изградена џамијата и административна зграда, која ќе ѝ припаѓа на Исламската верска заедница“, рече тој.

Тој исто така рече дека, процесот на трансакција на земјиштето на Исламската верска заедница во Македонија бил комплетиран пред една година од страна на Општина Чаир, и додаде дека фирмата која ја води изградбата го заврши процесот на формирање, како и дека започна со затворање на околината за безбедноста на градежното земјиште.

- „Џамиите се места, каде се спојуваат срцата на сите верници“

Алкан посочи дека во минатото џамиите се граделе на убавите утврдени места, а оти потоа градовите се формирале околу самите џамии и додаде: „Најпрво се правеше џамија, а потоа околу неа, згради, чаршија, пазари, работни места. За жал, во последно време, ја загубивме оваа карактеристика. Прво ги градиме градовите, а потоа бараме простор за градење на џамија. Овде состојбата е иста.“

Нагласувајќи дека, џамиите се места, каде се спојуваат срцата на верниците, Алкан рече: „Џамија, значи она што спојува, што собира на едно место. Во нашата цивилизациска замисла, џамиите се простори, каде што се спојуваат срцата на верниците, и каде се интегрираат молитвите и боженствените обреди.“

Тој посочи дека, конструкцијата на џамијата е проектирана земајќи ги предвид лицата со попреченост и жените, и забележа дека Топанската џамија, ќе ги има сите архитектонски карактеристики, за да одговори на потребите на секого.

Алкан, посака на сите муслимани, најпрвин од Скопје и од целиот Балкан, џамијата да им биде од корист.

- Џамијата ќе има капацитет на 1.500 лица

Граджниот шеф, Атила Акширин, потврди дека, џамијата ќе има капацитет од 1.500 лица, а оти целокупното градежно земјиште опфаќа 10 илјади метри квадратни.

Акширин додаде дека, џамијата ќе биде со две минариња, една главна купола и 7-8 помали куполи, а дека по затворањето на градежното земјиште, ќе се премине на ископување на земјиштето.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.