Elena Teslova
20 Јули 2020•Ажурирај: 21 Јули 2020
МОСКВА
Со свечена церемонија на полагање на кобилица денес започна изградбата на шест нови борбени пловила на руските вооружени сили, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Рускиот претседател Владимир Путин обраќајќи се преку видео-линк информираше дека ќе бидат изградени два универзални десантни брода во Керч, две фрегати во Санкт Петербург и две подморници на нуклеарен погон кои носат хиперсонични ракети во пристанишниот град Северодвинск.
„Новите бродови ќе бидат опремени со напредно оружје, системи за контрола и далечинска комуникација. Тие значително ќе го зајакнат борбениот потенцијал на морнарицата и ќе ги зголемат нејзините стратешки способности“, истакна Путин.
Десантните бродовите и фрегатите ќе ги носат имињата на руските воени лидери и поморските команданти, додека нуклеарните подморници ќе ги носат имињата на руските градови Воронеж и Владивосток, објасни Путин.
Во текот на изминатите осум години, руската поморска флота е зголемена за повеќе од 200 бродови од различни класи.
Раководството на земјата постави амбициозна цел да се зголеми уделот на современите бродови на 70 отсто до 2027 година.
Додека десантните бродиву се наменети за префрлување на војници и опрема од бродот на копно, фрегата е воен брод со комбинирано вооружување.