Islam Doğru
20 Јули 2020•Ажурирај: 21 Јули 2020
ЊУЈОРК
Пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) последните 24 часа е причина за смртта на 428 лица во САД, со што вкупната бројка на починати се искачи на 143.311, јавува Агенција Анадолија (АА).
САД остануваат епицентар на пандемијата на коронавирусот како земја со најголем број на детекторани случаи на заразеност и смртни случаи во светот.
Според податоците на интернет страницата „Worldometer“ која секојдневно ги ажурира потоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот објави дека во последните 24 часа во САД, детектирани се 63.981 лице позитивно на тестот на коронавирусот, зголемувајќи ја вкупната лица на заразени на 4.899.411.
Во последните 24 часа од последици предизвикани од заразеност со коронавирусот во САД починаа 428 лица, зголемувајќи ја вкупната бројка на смртни случаи на 143.311.
Според бројката на лица позитивни на коронавирусот, зад САД следат Бразил со 2.099.896 лица, Индија со 1.119.412 и Русија со 777.486.
Сојузната држава Њујорк продолжува да е подрачје најпогодено од „пандемијата на коронавирусот“ во САД.
Досега во Њујорк се детектирани 434.164 лица позитивни на Ковид-19, додека 32.570 лица ги загубија животите.
По Њујорк следи Калифорнија со над 391 илјада заразени и Флорида со повеќе од 350 илјади.
Во САД се изработени 48.345.000 тестови, а оздравеа повеќе од 1.802.000 заразени со коронавирусот.