Bojana Stojanovic
20 Јули 2020•Ажурирај: 21 Јули 2020
БЕЛГРАД
Во Србија уште десет лица починаа од последиците на Ковид-19 во изминатите 24 часа, заразени се уште 359, додека хоспитализирани се 4.762 лица, изјави денес министерот за здравство, Златибор Лончар, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од вчера, тестирани се 8.349 лица, од кои 359 се позитивни на Ковид-19, изјави Лончар на прес-конференцијата во Белград.
Хоспитализирани се 4.762 пациенти, додека на респратори се 190 граѓани.
Во претходните 24 часа, починаа уште десет лица, со што бројот на починати до сега се зголеми на 482. Процентот на смртност е 2,27 отсто. Мажите сочинуваат околу 64 отсто од починатите.
Лончар прецизираше дека има 21.253 случаи на заразување во земјата, од кои 6.623 се активни. До сега се тестирани 558.440 граѓани, а излекувани се 14.148 лица.
Кога станува збор за здравствените работници, 550 од нив се позитивни на Ковид-19, од кои 50 се на болничко лекување.