Esat Fırat
24 Јули 2023•Ажурирај: 26 Јули 2023
АЛЖИР (АА) – Најмалку 15 лица загинаа, а 26 се повредени во шумските пожари што зафатија неколку региони во Алжир, каде што температурите на воздухот во последните денови се искачија на 50 Целзиусови степени, јавува Анадолу.
Пожари избувнаа на шумски и земјоделски површини на 97 различни точки во 16 алжирски града, а некои од пожарите зафатија и села, се наведува во соопштението на алжирското Министерство за внатрешни работи.
Во пожарите во Алжир досега загинаа 15 лица, 26 се повредени, а околу 500 луѓе се евакуирани.
Шумските пожари сè уште беснеат во крајбрежните градови, како Бумердас, Буира, Тизи Визу, Бејаја, Џиџел и Скикда, а напорите за гаснење продолжуваат со мобилизирање на сите ресурси.
Националната цивилна заштита вчера соопшти дека поради високите температури на воздухот избувнале шумски пожари во седум града на северот на земјата, а гаснењето од воздух и од земја продолжува.
Метеоролошкиот завод на Алжир го вклучи алармот од портокалово на црвено и соопшти дека во земјата преовладуваат тешки климатски услови и температурата на воздухот надминува 48 степени.
Околу еден месец во Алжир се забележуваат рекордни температури што во главниот град достигнаа 48 степени, а во другите региони до 50 степени.