Mohamed Dhaysane
24 Јули 2023•Ажурирај: 25 Јули 2023
ХУДУР (АА) - Повеќе од 20 лица, меѓу кои и војници, загинаа, а десетици се повредени денес во самоубиствен бомбашки напад во главниот град на Сомалија, Могадишу, потврди висок функционер, јавува Анадолу.
Висок офицер за безбедност во Могадишу, кој сакаше да остане анонимен, за АА изјави дека бомбаш самоубиец во воен камп за обука во главниот град на Сомалија убил повеќе од 20 луѓе, вклучително и регрути и воен персонал.
„Бомбашот самоубиец се разнесе за време на работното време денес. Во моментот на експлозијата имаше голема редица регрути во воениот камп за обука 'Џала Сијад'“, рече офицерот.
Тој додаде дека во нападот се повредени десетици луѓе и итно се пренесени во болница.
Локалните медиуми јавуваат дека загинале повеќе од 30 луѓе.
Терористичката организација Ал Шабаб, со седиште во Сомалија, ја презеде одговорноста за смртоносниот напад.