Gamze Türkoğlu Oğuz
10 Март 2018•Ажурирај: 11 Март 2018
ТОКИО (АА) - Силни експлозии се случуваат во вулканот Шинмоедак во југозападниот дел на Јапонија, кој повторно е активиран од први март, јавува Anadolu Agency (AA).
Локалните медиуми објавија дека утринава се слушнале две силни експлозии на вулканот со височина од 1 421 метри.
Јапонската метеоролошка агенција вели дека вулканот исфрла делoви од карпата и предупреди дека би можеле да паднат на подрачјето во близина на вулканот.
Вулканот исфрлува пепел во висина од 4,5 километри и истиот со ерупција започна после шест години во октомври 2017 година.
На подрачјето на Јапонија има 110 активни вулкани.