Mümin Altaş
25 Октомври 2017•Ажурирај: 25 Октомври 2017
АНКАРА (АА) - Началникот на Генералштабот на турската војска, генерал Хулуси Акар, во текот на официјалната посета на Соединетите Американски Држави (САД) нагласи дека групата ПЈД/ЈПГ е сириски огранок на терористичката организација ПКК, и дека тоа е потврдено и по операцијата во Рака, во којашто групата беше поддржана од американските сили, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералштабот на турската војска соопшти дека за време на посетата на Акар на САД, во изминатите два дена, на американските претставници им укажал на опсежната борба којашто ја води Турција против терористичките организации, во прв ред против ПКК/ПЈД/ЈПГ и ДЕАШ, долж нејзиното јужно погранично подрачје.
Тој присуствуваше и на конференцијата на којашто началниците на генералштабовите на 73 земји и челниците на НАТО сојузот ја разгледуваа актуелната борба против радикализмот во светот.
„Генералот Акар во текот на конференцијата, но и во текот на низата билатерални средби, укажа на важноста и ги повтори турските барања за поддршка во однос на борбата против тероризмот, продолжувањето на мировниот процес во Астана и други активности кои ги спроведува Турција, со цел неутрализација на заканите кон регионалниот мир и стабилноста“, се наведува во соопштението на Генелаштабот на турската војска.