Ruslan Rehimov
30 Септември 2020•Ажурирај: 30 Септември 2020
БАКУ
Азербејџанската Војска го погоди командното место на 18. Моторизирана дивизија на Вооружените сили на Ерменија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството за одбрана на Азербејџан се наведува дека нивните сили ја погодиле командната област на ерменските трупи.
„Ерменските сили на тоа подрачје се уништени. Меѓу воениот персонал има многу мртви и ранети. Нивната команда бара помош за евакуација на ранетите“, се наведува од Министерството за одбрана на Азербејџан.
Ерменските сили во неделата изутрината извршија нови напади врз азербејџанските населби и позиции, а азербејџанските сили одговорија со напади на ерменските позиции.
Ерменските власти потоа прогласија општа мобилизација и воена состојба поради судирите во регионот Нагорно Карабах, а и властите на Азербејџан прогласија воена состојба за 19 подрачја, вклучувајќи го и главниот град Баку.
Од 1991 година ерменската Војска нелегално го окупираше Нагорно Карабах, меѓународно признатата територија на Азербејџан.
Четири резолуции на Советот за безбедност на ОН и две резолуции на Генералното собрание на ОН, како и многу меѓународни организации бараат повлекување на окупациските сили.