Ahmet Sertan Usul
30 Септември 2020•Ажурирај: 30 Септември 2020
АНКАРА
Министерството за одбрана (МО) на Република Турција објави снимки од геноцидот што во 1992 година се случи во Хоџали, и со снимката порача дека Ерменија и денес, пред очите на целиот свет, извршува напади врз цивилите во Азербејџан, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството на Твитер објави снимки од ерменскиот геноцид од 1992 година во местото Хоџали, во азербејџанскиот регион Нагорно Карабах, како и снимки од нападите врз азербејџански Товуз.
Со снимките е објавена и порака во која се наведува дека Ерменија, која во геноцидот во Хоџали убиваше жени, деца и постари луѓе, и денес извршува напади врз цивилите и тоа пред очите на целиот свет.
„Ерменија и денес, баш како и пред 30 години, се однесува како непријател на мирот и спокојот“, се наведува во пораката.
Во видеоснимката се наведува дека цивилите во Азербејџан страдаат со иста болка и страдања, од кои Хоџали не закрепна ни по 30 години.