Ruslan Rehimov
25 Ноември 2020•Ажурирај: 25 Ноември 2020
БАКУ (АА) - Министерството за одбрана на Азербејџан вчера објави дека азербејџанската Армија влегла во Калбаџар во согласност со договорот за прекин на огнот потпишан меѓу Азербејџан и Ерменија, со посредство на Русија, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Во соопштението од Министерството се нагласува дека планинскиот пат низ кој ќе помине војската е исчистен од мини.
Во операцијата на азербејџанската војска, која беше започната на 27 септември, откако ерменската војска започна со напади врз цивили и врз азербејџанските сили, ослободени се пет градови и речиси 300 населби и села. Потоа Ерменија прифати пораз и на 10 ноември потпиша договор со кој е ветена евакуација на окупираните покраини Агдам, Лачин и Калбаџар.
Со оглед на тоа што Ерменија не можеше да го евакуира Калбаџар, што требаше да биде завршено до 15 ноември, Азербејџан даде дополнителен десетдневен период, а ерменската страна се обврза да го предаде регионот што го окупираше на 25 ноември.
Ерменија, која се повлече од Агдам на 20 ноември како дел од договорот за прекин на огнот, ќе го врати Лачин на Азербејџан до 1 декември.
Калбаџар, кој се наоѓа во северозападниот дел на Нагорно Карабах, Ерменија го окупираше во 1993 година.