Dildar Baykan
24 Ноември 2020•Ажурирај: 24 Ноември 2020
ВАШИНГТОН (АА) - Рима Додин, за која Џо Бајден, новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави (САД), најави дека ќе биде заменик-директорка на Канцеларијата за правни работи во Белата куќа, ќе биде првото лице со палестинско потекло што ќе биде на висока функција во Белата куќа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Џо Бајден, кој победи на изборите одржани на 3 ноември во САД, започна да ги објавува имињата со кои ќе работи по церемонијата за инаугурација што ќе се одржи на 20 јануари.
Во соопштението објавено вчера од преодниот тим на Бајден, се наведува дека Американката Рима Додин со потекло од Палестина, ќе биде назначена за заменик-директорка на Канцеларијата за правни работи во Белата куќа.
Во американските медиуми беше истакнато дека Додин е првата палестинска Американка што ќе биде на висока функција во Белата куќа.
Додин е родена во Калифорнија во семејство на палестински имигранти, а студирала на универзитетите „Беркли“ и „Илиноис“.
Додин, која моментално е заменик-секретар на демократскиот сенатор Ричард Дурбин, е внука на Мустафа Додин, кој во одреден период бил министер за социјални работи на Јордан.