Sarp Özer
25 Ноември 2020•Ажурирај: 25 Ноември 2020
АНКАРА
Министерството за одбрана на Турција соопшти дека се неутрализирани 17 терористи на ПКК/ЈПГ, кои се обиделе да ја нападнат областа на операцијата „Извор на мирот“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од Министерството за национална одбрана се истакнува дека успешно е спречен уште еден обид за инфилтрирање во областа на операцијата „Извор на мирот“.
„Нашите херои командоси неутрализираа 17 терористи на ПКК/ЈПГ, кои се обидоа да се инфилтрираат во подрачјето за да ги нарушат мирот и безбедноста“, се нагласува во соопштението на Министерството.
Од 2016 година Турција спроведе четири успешни прекугранични антитерористички операции во северна Сирија за да спречи формирање терористички коридор: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018), „Извор на мирот“ (2019) и „Пролетен штит“ (2020).
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои се наоѓаат и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.