Gamze Türkoğlu Oğuz
25 Ноември 2020•Ажурирај: 26 Ноември 2020
АНКАРА (АА) - Бројот на лица позитивни на коронавирусот (Ковид-19) во светот надмина 60 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет страницата „Worldometers“ која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на Ковид-19 во земјите од светот, од појавата на Ковид-19 во кинескиот град Вухан досега вкупниот број на лица кај кои е детектиран коронавирусот изнесува 60.108.193 лица.
САД се земја со најголем број на детектирани случаи позитивни на Ковид-19, вкупно 12.956.783, по која следи Индија со 9.222.216, Бразил со 6.121.449, Франција со 2.153.815, Русија со 2.138.828, Шпанија со 1.614.126, Велика Британија со 1.583.794, Италија со 1.455.022, Аргентина со 1.381.795, Колумбија со 1.262.494 и Мексико со 1.060.152.
На светско ниво Ковид-19 е причина за смртта на 1.414.925 лица, а оздравеа 41.556.897 пациенти заразени со Ковид-19.