Esin Işık
14 Ноември 2019•Ажурирај: 15 Ноември 2019
АНКАРА (АА) - Заврши шестата заедничка турско-руска копнена патрола во источниот дел на Еуфрат, пренесува Anadolu Agency (AA).
Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за одбрана на Турција.
„Според планираното, заврши шестата заедничка копнена патрола во подрачјето на Дербесије во источниот дел на Еуфрат со учество на турско-руските воени елементи, кои учествуваа со по 4 возила и беспилотни летала“, се наведува во ова соопштение.