Sorwar Alam
22 Јануари 2017•Ажурирај: 22 Јануари 2017
АНКАРА (АА) - Единаесет терористи на ДЕАШ се неутрализирани, а двајца се повредени во северниот дел на Сирија во текот на последните 24 часа, како дел од операцијата „Штитот на Еуфрат“, соопшти турската војска утринава, јавува Anadolu Agency (AA).
Турски борбени авиони, исто така, уништија 165 позиции на ДЕАШ, вклучувајќи засолништа, одбранбени точки, командни и контролни објекти и возила користени од страна на терористичката група, се вели во соопшетенио на турскиот Генералштаб.
Коалициските сили пак уништија четири позиции, во 152. ден од почетоткот на офанзивата.
Операција „Штитот на Еуфрат“, која започна на 24 август 2016 година, има за цел да се подобри безбедноста, да се даде поддршка на коалициските сили, како и да се елиминираат терористичките закани долж сириско-турската граница.
Во соопшението на турската војска се додава дека од почетокот на операцијата, уништени и деминирани се вкупно 3.088 рачно изработени експлозивни направи и 43 мини.
Обезбедени се вкупно 227 резиденцијални подрачја и територија од 1.875 километри квадратни долж коридорот од северниот сириски град Азаз до Џарабулус, којшто се простира паралелно со турската граница.