Ömer Koparan
31 Јануари 2019•Ажурирај: 02 Февруари 2019
ЏAРАБУЛУС (AA) - ОМЕР КОПАРАН -
Мухамед Ебу Ибрахим, кој од страна на терористичката организација ЈПГ/ПКК бил присилно натеран да мигрира од источниот дел на реката Еуфрат, ја очекува операцијата која ќе биде извршена од страна на Турција за да се врати во својот роден крај. Тој кај своите деца сака да ја всади целта за враќање на нивните територии, но според него, во случај да почине во западниот дел на Еуфрат, желба му е да биде закопан во источниот дел од реката, јавува Anadolu Agency (AA).
Мухамед Ебу Ихрабим, заедно со неговото семејство веќе четири години живее далеку од родниот крај, подрачјето на Шујух, кое се наоѓа во источниот дел на Еуфрат, Сирија.

Ова семејство, кое присилно, од страна на ЈПГ/ПКК било натерано да ја напушти својата куќа, се засолнува во еден камп во Џарабулус, кој се наоѓа во западниот дел на Еуфрат, во местата ослободени во рамки на операцијата „Штитот на Еуфрат“.
Таткото Ебу Ибрахим речиси секој ден заедно со своите две деца доаѓа на брегот на реката Еуфрат и го гледа родниот крај која се наоѓа на другата страна на реката.
Ебу Ибрахим на своите деца им ги раскажува деновите кога немало тероризам во Шујух, а кај своите деца ја всадува целта за враќање во својот крај кога ќе заврши суровоста на ЈПГ/ПКК.
Тој, додека разговараше со своите две деца на брегот на Еуфрат, даде изјава за новинарот на АА.
„Околу 10.000 семејства мигрираа од подрачјето на Шујух во Алепо поради ПКК, од кои 90 отсто живеат во камповите во Џарабулус“, рече тој, кој на своите деца им го раскажа следното:
„Сине мој, порано подрачјето на Шујух имаше многу плодно земјиште. Кога твојата баба работеше на нива, јас ѝ носев појадок и чај. Таму животот беше многу убав. Луѓето се сакаа меѓусебно. Види, сине мој, каузата на Шујух ние ја носиме во нашите срца. Исто и ти треба да го носиш во твоето срце како нас.“

Ебу Ибрахим истакна дека на своите деца постојано им раскажува дека овие територии останале наследство од нивните предци, и дека треба да водат секаква борба за да ги вратат назад.
Тој се осврна и на операцијата на Турција која ќе ја реализира во источниот дел на Еуфрат. „Во овој период се зборува дека ќе се реализира операција во источниот дел на Еуфрат. Секој се радува поради оваа вест“, додаде тој.
„Во случај да умрам на западниот дел од Еуфрат, сакам да бидам закопан во источниот дел на оваа река. На моите деца ќе им речам нивната единствена цел да биде да се вратат во Шујух“, нагласи Ебу Ибрахим.
- „Секој се плаши од нив“ -
Ебу Ибрахим раскажуваше и за суровоста на ЈПГ/ПКК во подрачјето.
„ПКК не ни дозволува да се вратиме. Ги срушија нашите куќи. Тие ја запалија нашата жетва. Постојано ни се закануваат. Секој се плаши од нив. Нашите жени, деца, секој ја очекува операцијата (која ќе се реализира во источниот дел на Еуфрат). На овие луѓе да им дадете дури и палати, тие нема да ги заменат своите куќи во источниот дел на Еуфрат. Дури и овие куќи да имаат само по една соба, за тие лица тие куќи се како рај.
“Од друга страна, синот на Ебу Ибрахим, Јазен, зборуваше за нивниот живот пред да дојдат во Џарабулус.
„Порано, во нашето село играв фудбал со моите пријатели. Игравме криенка. Имавме голем двор. Одевме во училиште. Сега сме во Џарабулус. Доаѓаме тука и ја гледаме нашата куќа. Жал ми е за териториите кои ги изгубивме“, рече Јазен.
Јазен истакна дека сака да биде инженер и да гради мост за да можат да преминат во нивната куќа од другата страна на реката Еуфрат.