Almir Terzic
20 Јули 2016•Ажурирај: 21 Јули 2016
САРАЕВО (АА) - Граѓаните на Република Турција, како и странските државјани кои се наоѓаат во турските летувалишта како што се Анталија, Бодрум, Измир, немаа непријатности, ниту се соочија со непријатности за време на неодамнешните настани, јавува Anadolu Agency (AA).
Во Амбасадата на Република Турција во Босна и Херцеговина, Министерството за култура и туризам на Република Турција го пренесува известувањето дека аеродромите во Турција коишто извесно време беа затворени за сообраќај поради неодамнешните настани, повторно се отвориени и продолжуваат да работат.
„Во хотелите, одморалиштата и летувалиштата во Турција, на гостите и понатаму им се обезбедуваат услуги на највисоко ниво, а така ќе биде и во наредниот период“, рече Ирфан Онал, генерален директор за поддршка на Министерството за култура и туризам на Република Турција.