ИСТАНБУЛ (АА) - Офицeрите на турската војска лојални на терористичката организација ФЕТО/ПДЈ за време на неуспешниот обид за државен удар, во петокот, се координирале преку група на мобилната апликација WhatsApp, а Обвинителството во Анкара со распит на приведените пучисти ги дешифрираше сите пораки што координаторите на пучот ги разменувале, јавува Anadolu Agency (AA).
Пораките што ги разменувале координаторите на пучот содржат директни наредби до пучистите да отворат оган на сите што ќе им се спротивстават, а на крајот и план за бегство откако обидот за соборување на власта беше спречен.
АА објавува дел од пораките што пучистите на терористичката организација ФЕТО ги разменувале на 15 јули за време на обидот за државен удар.
- Наредба со оган да се разбие насобраната маса -
Потполковник Музафер Дузенли: Повторена наредба. Проследувам. Насобраната маса да се разбие со оган.
Полковник Муслим Каја: Се приближуваат градежните машини кон АКОМ. Нашите пријатели пукаат.
Полковник Узај Шахин: Возвратете со оган, не дозволувајте да се приближат.
Мајор Мехмет Карабекир: На терен сум, пукам во масата и чекам. Продолжете со оган, се разидуваат. Има 10-15 дрски лица. Нема губење на иницијатива.
Полковник Муслим Каја: На Таксим фрлија солзавец и не се гледа ништо. Пукаа во резервоарите на возилата што се движеа кон Таксим. Возилото застана.
Мајор Муамер Ајгар: Жесток судир се води во Кулелуј. Отворивме оган на групата.
Полковник Муслим Каја: Ситуацијата во Таксим е критична.
Потполковник Музафер Дузенли: Се разидува масата на која одговоривме со оган. Господ нека ни е на помош.
Полковник Муслим Каја: Над Таксим летаат авиони коишто отидоа на помош во Бешикташ.
Мајор Муамер Ајгар: Пријателите го евакуираат 2 Мост. Во Кулелиј траат судирите. Полковник Муслим Каја: Во Таксим стигна специјална полиција. Дали треба воздушна поддршка?
Мајор Муамер Азгар: Овие авиони се наши, така?
Мајор Мехмет Карабекир: Зелено, да.
Полковник Муслим Каја: Изгледа дека полицијата ќе ја изврши операцијата во АКОМ. Зарем немаме воздушна поддршка? Ситуацијата во АКОМ и на Таксим е критична.
Полковник Ахмет Бајкал: Воспоставена е контрола кај ИМКБ, а народот се разотиде.
Мајор Мехмет Карабекир: Контролата на Ачибадем е добра.
Полковник Ахмет Бајкал: Повеќе ни полицијата не е толку гласна. Имаме муниција, моралот е на највисоко ниво. Пучистите во првите часови на обидот за воен удар со тенкови го блокираа Мостот на Босфор и мостот Султан Ахмет во Истанбул. Во моментите кога ја губеа контролата над тие градби, го прашаа водачот на пучот дали да извршат воздушни удари на градбите коишто се симбол на Истанбул и на Турција воопшто.
Полковник Муслим Каја: Полициските возила го опколија ТРТ радио. Таксим е тежок, некои авиони вршат ниско надлетување. Зедоа еден војник во Таксим, таму има многу луѓе и солзавец.
Мајор Муамер Ајгар: Може ли да се разгледа воздушен напад на вториот Мост?
Полковник Муслим Каја: Овие од Таксим велат дека не можат да издржат.
Полковник Узај Шахин: Пријатели, одиме максимално колку што можеме.
Мајор Муамер Ајгар: Вториот Мост, авиони?
Полковник Узај Шахин: Музафер?
Полковник Муслим Каја: Пред радиото е ранет војник, повикавме итна, нема одговор, проблем нога.
Потполковник Угур Џошкун: Во Сакарја се обидуваат во касарна да влезат со булдожер. Состојбата е критична.
Полковник Муслум Каја: Батеријата е проблем во контактот со Таксим, пред малку авионите извршија три напади, не знаеме точно каде.
Полковник Ахмет Зеки Ѓехеран: Изгледа на страната на Анадолија.
Полковник Муслим Каја: Авионите помогнаа на Таксим. Моментално е мирно.
Мајор Муамер Ајгар: Можеме ли истото да го извршиме и на вториот Мост?
Полковник Муслум Каја: Авионите се важни за моралот, можеме ли да ја засилиме воздушната поддршка по зори?
Мајор Мехмет Карабекит: На мене тука ми стигна кобра, помош.
Полковник Муслум Каја: Фатена ли е екипата во Таксим? Така изгледа, се обидуваме да потврдиме. Изгледа дека е, а останатите идат кон зградата на радиото.
Полковник Узај Шахин: Излезе засилувањето.
Потполковник Угур Џошкун: Народот ме бара од полицијата. Да пукаме, навистина ги има многу?
Капетан Мехмет Турк: Полетува хеликоптерот со 17 луѓе за помош во Си-ен-ен.
Потполковник Угур Џошкун: Народот ги згази сите наши луѓе кај зградата на гувернерот и ги предаде на полицијата. Полицијата се обидува да со спречи народот, но тешко.
Мајор Мехмет Карабекир: Газете, палете, нема откажување.
Потполковник Угур Џошкун: Ако отвориме оган, ќе убиеме тројца до петорица, но не можеме да ги спречиме да влезат.
Полковник Муслум Каја: Команданте, пријателските медиуми продолжуваат.
Полковник Ејуп Ѓурлер: Велат дека не можат да го пратат вториот Кор на единица. Пративме порака и ни рекоа дека наредбата е на копнените сили и Генералштабот, но дека не сакаат да ја пренесат.
Полковник Муслим Каја: Од ТРТ ги праќаме силите на пазарот на Таксим.
Потполковник Угур Џошкун: Војската на Егеите го повика центарот и велат дека нема акција без наредба.
Полковник Зеки Атмаџа: Треба итно да се интервенира на антените на Чамлица.
Потполковник Угур Џошкун: Не слушанме, но силите се во тешка состојба, народот влезе во зградата на гувернерот.
Полковник Узај Шахин: Нека останат единиците на позициите.
Полковник Муслум Kаја: Јени Шафак даде изјавa на командантот на првата воена област.
Капетан Мехмет Турк: Не можеме да стапиме во контакт со групата ватан, кога слетавме првпат ни рекоа дека е невозможно да се најдеме.
Полковник Муслум Каја: На Таксим му се потребни оклопни возила, Осман.
Потполковник Угур Џошкун: На Сакајра ѝ е потребна итна помош.
Потполковник Музафер Дузенли: Ако не можеш да ги контролираш Угур, повлечи се.
Полковник Муслум Каја: Судир во ТРТ радио. Возвратен оган. Потребна е поддршка на оклопниците.
Потполковник Угур Џошкун: Затворени се патиштата, тешко ќе биде и да се повлечеме, но ќе се обидеме.
Полковник Узај Шахин: Не оставајте оружје под притисок.
Полковник Садик Чебеџи: Треба да се замолчат приватните телевизии.
Потполковник Мустафа Дузенли: Пријатели, благодарам, во Анкара и во Истанбул се заземени многу цели. Во ТРТ е прочитан проглас. Продолжуваме исто. Остро ќе одговориме на секој што ќе ни се спротивстави. Единиците коишто не се потребни онаму каде што се наредени треба да бидат пратени на други точки.
Капетан Мехмет Турк: Не можеме да се најдеме, каде е групата ватан, ние сме пред Универзитетот Безимиалем.
Полковник Узај Шахин Ирфан: Aко можете, одите на Таксим. Капетан Мехмет Турк: Ни се приближува голема група.
Потполковник Угур Џошкун: Полицијата и народот се обединија. Повикуваат на предавање кај зградата на гувернерот. Ни треба помош. Немаме доволно сила.
Потполковник Музафер Дузенли: Единиците мораат да ги држат аеродромите и плоштадите, нема повлекување.
Полковник Муслум Каја: На Таксим праќаме една единица за поддршка.
Полковник Узај Шахин: Не ги напуштаме плоштадите.
Потполковник Угур Џошкун: На Сакарја итно ѝ е потребна поддршка. Народот го спречува дејствувањето на тенковите.
Потполковник Мехмет Карабекир: Пукајте лево-десно по аеродромот Себиха Ѓокчан. Имаме проблем таму. Народот нека не биде проблем.
Мајор Муамер Ајгар: Во Ченгелкој убивме четири лица што даваа отпор. Нема проблем.
Потполковник Угур Џошкун: На Сакарја итно ѝ е потребна воздушна поддршка.
Полковник Садик Чебеџи: Кај градската канцеларија на Партијата АК има три до четири илјади луѓе. Потребна е поддршка.
Мајор Муаемер Ајгар: Два тенка и два ЗПТ стигнаа на вториот Мост. Нема проблем.
Потполковник Музафер Дузенли: Со тенковите остро да се удира на масата и на полицијата што се спротивставува на нашата војска.
Потполковник Музафер Дузенли: Силите ги користиме ефикасно, на тие кои чекаат помош нека им се пратат.
Потполковник Угур Џошкун: Персоналот е вознемирен поради вестите што се објавени на интернет, каде што началникот на Генералштабот е заробен. Можеме ли нешто да преземеме?
Капетан Шакир Чинар: Не можеме да влеземе на портата на Сабиха Ѓокчан, поради народот и гужвата. Специјалната полиција ѝ јави на жандармеријата дека ќе дојде до судири. Веднаш по деблокатата на сообраќајот, ќе отвориме оган.
Потполковник Угур Џошкун: Полицијата го користи народот против нас, може ли да дојде воздушната поддршка?
Полковник Узај Шахин: Пријатели, сѐ оди според планот. Мораме да ги замолчиме овие телевизии.
Потполковник Угур Џошкун: На Сакарја ѝ треба помош, тука народот го збираат со повик од џамијата. Командата на штабот на жандармеријата нареди да не ги слушаат наредбите, народот тргна на единиците.
Полковник Узај Шахин: Нападнете ја дирекцијата на полицијата во Истанбул, ако е потребно.
Потполковникот Музафер Дузенли: Не смеете да се вратите од аеродромот.
Полковник Муслум Каја: Медиумите продолжуваат.
Полковник Узај Шахин: Тенковите нека пукаат на антената на Чамлиџа. Ирфан, можеш ли ти тоа да го правиш?
Полковник Муслум Каја: Протест во ТРТ. Сѐ е во ред.
Полковник Зеки Атмаџа: Треба да одите во контролниот центар и да ја прекинете врската со тие антени.
Полковник Музафер Дузенли: Ја проследувам наредбата. Отворете оган на собраната маса. Масите така се растураат.
Мајор Муамер Ајгар: Од џамија снимаат.
Полковник Муслум Каја: Мораме да спречиме емитирање.
Полковник Музафер Дузенли: Пријатели, интервенираме без одлагање.
Полковник Муслум Каја: Има тишина во џамијата во Авџилар.
Мајор Мурат Јаник: Наредба од Анкара. Отворете оган.
Мајор Мехмет Мурат Челебиоглу: Команданте, слушаме дека го вооружиле народот. Доаѓаат кон нас, пукаат без двоумење.
Полковник Узај Шахин: Пукајте во првите редови на масата во АК партија.
Мајор Мехмет Мурат Челебиоглу: Команданте, и ние се обидуваме да ја спасиме нашата глава. Секој нека прави што може за да се спаси.
Мехмет Турк, направи нешто, не губи луѓе. Анкара го потврди.
Мајор Мурат Челебиоглу: Предадете се или бегајте.
Мајор Муамер Ајгар: Дали е земена главата на змијата?
Полковник Џемаледин Доган: Тимот што го пратив на помош не помина на полициската барикада, командантот е уапсен.
Мајор Муамер Ајгар: Дали активноста е откажана?
Мајор Мехмет Мурат Челебиоглу: Откажана е комантданту.
Полковник Џемаледин Доган: Итно треба нешто одозгора да се преземе бидејќи долу проблемот врие.
Мајор Муамер Ајгар: Да напуштиме ли?
Мајор Мехмет Мурат Челебиоглу: Да команданту, напуштаме.
Полковник Џемаледдин Доган: Дали да бегаме?
Мајор Махмут Мурат Џебелиоглу: Команданте, гледајте да се спасите и одлучувајте сами, ние сѐ уште не сме одлучиле, но сменивме локација. Ја затворам групата, избришете ги пораките ако сакате.
news_share_descriptionsubscription_contact
