Mesut Zeyrek
31 Јануари 2019•Ажурирај: 02 Февруари 2019
КЕЛН (АА) - Поради снежните врнежи во Германија се откажани летови, поради голомразица се случија сообраќајни несреќи, а некои возила останаа заробени на патот, јавува Anadolu Agency (AA).
Од утринските часови на аеродромот „Келн - Бон“ се откажани некои летови, а забележани се и голем број доцнења.
Во некои германски градови, првенствено во покраината Северна Рајна-Вестфалија, откажани се и возењата со брзите возови.
Поради голомразицата на шините се откажани и одредени возења со трамваите. Поради многу снег, голем број возила останаа заробени на патот.
Особено во поголемите германски градови е забавено сообраќањето со возила.
Од германскиот Метеоролошки завод е соопштено дека временските услови ќе траат и во наредните денови. Температурата на воздухот во земјата се спушта и под 0, а највисоката дневна се движи меѓу 1 и 3 степени Целзиусови.