Rauf Maltaş
08 Септември 2019•Ажурирај: 09 Септември 2019
ШАНЛИУРФА (АА) - Турските вооружени сили (ТСК) и вооружените сили на Соединетите Американски Држави (САД) ја започнаа првата заедничка копнена патрола во рамки на првата фаза на формирање безбедносна зона во источниот дел на Еуфрат, Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
На 30 километри источно од подрачјето на Акчакале во турската област Шанлиурфа, конвојот на ТСК составен од 6 оклопни возила со турско знаме ја преминаа границата, со цел да учествуваат во заедничката копнена патрола, и се обединија со воениот конвој на САД.
Турските сили и на САД од границата се движеа кон јужниот дел во руралното подрачје на Тел Абјад.

Оваа патрола доби и воздушна поддршка со хеликоптери.
Во тек се воздушните и копнените активности на граничната линија.
Голем број медиуми ги следат настаните на границата.
Се очекува патролата да трае до пладневните часови.