Sena Güler
08 Септември 2019•Ажурирај: 09 Септември 2019
АНКАРА (АА) - Турција неутрализира тројца терористи во операција спроведена вчера на југоистокот на земјата, соопшти денес турското Министерство за внатрешни работи, пренесува Аnadolu Agency (AA).
Министерството истакна дека терористите биле неутрализирани за време на безбедносната операција во руралното подрачје на Омерли, во југоисточната турска област Мардин.
Откриено е дека терористите се оние кои го извршија вчерашниот напад во кој загина началникот на полициската единица за специјални операции, Туфан Кансува, а повреден беше припадник на локалните безбедносни служби од областа.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата на терористички организации на Турција, САД и ЕУ, одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.