Diyar Güldoğan
08 Септември 2019•Ажурирај: 09 Септември 2019
АНКАРА (АА) - Турција и Германија утре во Берлин ќе одржат политички консултации, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Турскиот заменик-министер за надворешни работи, Фуат Кајмакчи и државниот секретар на Федералната канцеларија за надворешни работи на Германија, Андреас Михаелис, ќе претседаваат со состанокот“, се вели во соопштението на Министерството.
„За време на консултациите ќе се разговара за билатералните односи и соработка меѓу двете земји во различни области, како и за процесот на пристапување на Турција во ЕУ, особено во контекст на претстојното претседателство на Германија со Европскиот совет во 2020 година“, се додава во соопштението.
Кајмакчи ќе се сретне и со претседателот и членовите на Комитетот за прашања на Европската Унија на германскиот Федерален парламент, парламентарците и други официјални претставници, како и со претставници на печатот и тинк-тенкови, деловни луѓе и претставници на турската заедница.