АНКАРА (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција никогаш нема да може да дозволи било кој да ги узурпира правата на кипарските Турци на ресурсите на јаленводород во Источниот Медитеран, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Како земја гарант и нивна татковина, ние и понатаму ќе бидеме со кипарските Турци", порача Ердоган во пораката по повод 36. годишнина од Турската Република Северен Кипар.
Ердоган истакна дека напорите кои ги презема Турција за да се постигне праведно и одрживо политичко решение за Кипар не се еднакво возвратени на јужната страна.
„Никој, особено Европската унија, нема право да ги претвори кипарските Турци во заробеници на игрите на кипарските Грци", рече турскиот претседател, додавајќи дека неговата земја има одредени обврски кон кипарските Турци.
„Во рамките на нашите историски и договорни обврски, ќе направиме се за да знамето на Турската Република Северен Кипар гордо се вее на морињата и на небото како и на копно", рече Ердоган.