Ruslan Rehimov
14 Октомври 2020•Ажурирај: 14 Октомври 2020
БАКУ
Претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев, соопшти дека азербејџанската Армија спасила уште осум села од окупацијата на Ерменија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација азербејџанскиот претседател Алијев ја објави својот профил на социјалната мрежа Твитер.
„Херојската азербејџанска Армија ги спаси од окупација селата Карадагли, Хатунбулак, Караколу и Хоџавенд на округот Фузули и селата Меликџанли, Кемертук, Теке и Тагасер на градот Булутан. Да живее азербејџанската Армија. Карабах е на Азербејџан“, истакна Алиев.