Ruslan Rehimov
13 Октомври 2020•Ажурирај: 14 Октомври 2020
БАКУ (АА) - Азербејџанската Армија во текот на ноќта ги спречи нападите на ерменската Армија, што Ерменија ги врши и покрај примирјето, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од Министерството за одбрана на Азербејџан се наведува дека синоќа ерменските сили во мали групи извеле напади во областите Агдере, Агдам, Фузули и Худрут за да ги окупираат повторно териториите што ги изгубија.
Исто така, се истакнува дека азербејџанската Армија го спречила нападот и уништила 3 ракетни системи „Град“, 1 противавионски систем „Тор-M2KM“, 2 оклопни пешадиски возила „БМП-2“, 3 хаубици „Гиацинт Б“, 1 хаубица „Д-20“, 3 беспилотни летала и неколку возила на ерменските сили.
Се наведува дека неутрализирани се и голем број војници.
Меѓу другото, во соопштението се нагласува дека неутрализирани се војниците од 5. Полк, кои биле на фронтовската линија, и дека 1. Моторизиран пешадиски полк бил ставен во заседа, додека неговите возила што биле во движење се уништени.
Се додава дека забележани се масовни дезертирања од ерменските сили и дека азербејџанската Армија, која го почитува хуманитарниот прекин на огнот, е во поволна позиција на целиот фронт.
Во друго соопштение на Министерството се нагласува дека ерменската Армија отворила оган врз покраините Агдам, Тертер, Агџебеди и Горанбој во Азербејџан.