Emel Gözellik
13 Октомври 2020•Ажурирај: 14 Октомври 2020
АНКАРА (AA) - Во изминатите 24 часа од последици предизвикани од коронавирусот во Индија починаа 706 заразени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на Индија соопшти дека вкупниот број смртни случаи предизвикани од Ковид-19 во земјата е зголемен на 109.856.
Само во последното деноноќие во Индија се потврдени уште 55.342 нови случаи на коронавирусот, со што бројката на заразени од почетокот на пандемијата во земјата се зголеми на 7.175.880 милиони.
Од почетокот на епидемијата оздравеа 6.227.295 милиони луѓе.
Според веб-страницата „Worldometer“, каде што се собираат податоците за Ковид-19, Индија е втора земја во светот според бројот на случаи.