Emel Gözellik
13 Октомври 2020•Ажурирај: 14 Октомври 2020
АНКАРА (АА) – На светско ниво, бројката на лица позитивни на Ковид-19 надмина 38 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците објавени на интернет-страницата „Worldometer“, што секојдневно ги ажурира информациите поврзани со пандемијата на новиот тип коронавирус во земјите од светот, досега позитивни на Ковид-19 се 38.043.916 лица.
Земја со најголем број лица кај кои е детектиран коронавирусот се Соединетите Американски Држави (САД) со 8.037.789 заразени.
Првите 10 земји во светот со најголем број лица кај кои е детектиран Ковид-19, по САД, се:
Индија (7.175.880), Бразил (5.103.408), Русија (1.312.310), Колумбија (919.083), Шпанија (918.223), Аргентина (903.730), Перу (851.171), Мексико (821.045), Франција (743.479) и Јужноафриканската Република (693.359).
Во Турција регистрирани се 337.147 лица заразени со коронавирусот.
Од почетокот на епидемијата досега во светот починаа 1.085.375 лица, а оздравеа 28.606.252 лица. Бројот на активни случаи на Ковид-19 изнесува 8.352.289.
Коронавирусот кон крајот на минатата година се појави во кинескиот град Вухан, а Светската здравствена организација (СЗО) на 11 март годинава прогласи глобална пандемија на Ковид-19.