Seda Sevencan,Jeyhun Aliyev
12 Октомври 2020•Ажурирај: 13 Октомври 2020
АНКАРА (АА) - Во Турција во изминатите 24 часа евидентирани се 1.301 оздравен пациент од вирусот Ковид-19, со што вкупниот број на излекувани достигна 295.658, соопшти денес турското Министерство за здравство, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Потврдени се и 1.614 нови случаи на коронавирусот, така што вкупниот број регистрирани случаи во Турција изнесува 337.147.
Во текот на изминатите 24 часа извршени се уште 115.605 тестирања за коронавирусот, па досега направени се над 11,7 милиони тестирања. Бројот на починати од последици предизвикани од Ковид-19 достигна 8.895, откако во последните 24 часа беа потврдени 58 смртни случаи.
Податоците на Министерството исто така покажуваат дека бројот на пациенти во критична состојба моментално е 1.417, а минатата недела кај 5,9 проценти од пациентите се развило воспаление на белите дробови.
„Оваа недела се намали и нивото на исполнетост на нашите капацитети на одделите за интензивна нега. Стапката на пациенти со пневмонии исто така опадна во однос на минатата недела“, објави на Твитер турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа.
Тој нагласи и дека резултатите ќе се видат доколку секој совесно ги применува превентивните мерки.
„Ќе успееме заедно, сметајте на тоа“, додаде Коџа.