Ekipa
12 Октомври 2020•Ажурирај: 13 Октомври 2020
СКОПЈЕ (АА) - Во Северна Македонија во изминатите 24 часа регистрирани се 177 нови случаи на коронавирусот Ковид-19, со што вкупната бројка на дијагностицирани со овој вирус во земјата се искачи на 21.113, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство информира дека како последици на вирусот починале уште пет лица, со што вкупната бројка на смртни случаи од вирусот во земјата се искачи на 797.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 107 оздравени пациенти од Ковид-19, а вкупната бројка на оздравени од овој вирус во државата изнесува 16.301.
Во моментот активни се 4.015 случаи на Ковид-19.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 778 тестирања за вирусот. Досега во земјата се направени вкупно 208.669 тестирања на Ковид -19.