Zylfije Adem Jakupi
12 Октомври 2020•Ажурирај: 12 Октомври 2020
ПРИШТИНА
Во последните 24 часа во Косово почина едно лице од Ковид-19, а регистрирани се 68 новозаразени со новиот тип коронавирус, известува Агенција Анадолија (АА).
Националниот институт за јавно здравје на Косово соопшти дека се тестирани 702 примероци сомнителни на коронавирусот, од кои 68 биле позитивни.
Од февруари до денес тестирани се 75.288 лица, од кои 16.247 биле позитивни, а 648 лица починаа од последиците предизвикани од заразеност со Ковид-19.
Во последните 24 часа оздравеа 33 лица, а вкупниот број на оздравени досега се искачи на 14.268. Бројката на активни случаи на заразеност со Ковид-19 изнесува 1.231.