Rabia İclal Turan
12 Октомври 2020•Ажурирај: 13 Октомври 2020
ЛОНДОН
Велика Британија сега има повеќе пациенти заболени од Ковид-19 во болниците отколку што имаше во март, кога беше воведена националната блокада во екот на пандемијата, предупредија денес британските медицински официјални претставници, јавува Агенција Анадолија (АА).
Џонатан Ван-Там, заменик-секретарот на Медицинската служба при Министерството за здравство, изјави дека сè поголем е бројот на хоспитализирани поради Ковид-19.
Директорот на Националната здравствена служба, Стив Повис, изјави дека Велика Британија сега има повеќе пациенти заразени со Ковид-19 отколку што имаше пролетта.
Тој додаде дека се приближуваат последните денови од истатата ситуација како во Франција и Шпанија, каде што вирусот исто така се шири и каде што властите повторно воведуваат ограничувања за да се спречи растот на бројот на нови случаи.
Тој истакна дека болниците во Манчестер, Сандерленд и Харогејт се подготвени за прифаќање на пациентите со Ковид-19.
Д-р Џејн Едлесон, шефицата на Медицинската служба на Манчестер, изјави дека 30 отсто од креветите наменети за интензивна нега во Манчестер се користат за пациентите со Ковид-19, што помага во пружањето услуги на другите пациенти.
Нивните изјави доаѓаат пред премиерот Борис Џонсон официјално да го објави најавениот нов систем на блокада за Англија, како и интензивните ограничувања во северниот дел на земјата.
Во Велика Британија во неделата беа забележани 12.872 случаи на заразување, со што вкупниот број на заразени е зголемен на 603.716, а се забележани уште 65 смртни случаи, со што вкупниот број на починати достигна 42.825.