Sena Güler
13 Октомври 2020•Ажурирај: 14 Октомври 2020
ИЗМИР (АА) - Турската крајбрежна стража спаси 25 мигранти кои биле истуркани во турските територијални води од страна на грчката стража во Егејското Море, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Командата на Турската крајбрежна стража соопшти дека нејзини тимови биле испратени во подрачјето откако дознале дека има мигранти на два чамци крај брегот на Чешме во областа Измир.
Тимовите ги спасија мигрантите во Егејското Море, кои беа однесени во обласната канцеларија за миграции.
Турција е клучна транзитна рута за мигрантите што сакаат да стигнат во Европа за да започнат нов живот, особено оние што бегаат од војна и прогон.
Земјата претходно оваа година ги отвори границите за илегалните мигранти кои сакаат да преминат во Европа, обвинувајќи ја Европската Унија дека не ги исполнила своите ветувања според Договорот за мигранти од 2016 година.