Ekipa
26 Април 2018•Ажурирај: 27 Април 2018
КАНБЕРА (AA) – Сојузниот го суд казни застапникот на автокомпанијата „Ford“ (Форд) во Австралија со 10 милиони австралиски долари (околу 6,2 милиони евра), поради непочитување на жалбите на купувачите за неисправен автоматски менувач во автомобилите, пренесува Anadolu Agency (AA).
Паричната казна која денес ја изрече Сојузниот суд е еднаква на најголемата до сега изречена по Законот за заштита на потрошувачите на Австралија. Претходно, истата казна ја доби ланецот на супермаркетот „Coles“, кој во 2014 година е санкциониран поради лошиот однос кон добавувачите.
Австралиската комисија за конкуренција и заштита на потрошувачите презеде мерки против претставникот на Форд поради неправилностите. Поплаките на купувачите се случија помеѓу периодот мај 2015 година и февруари 2016 година, а се однесуваат на автомобилите кои се треселе, сопирале или ја губеле силата поради неисправен менувач.
Форд прифати да се формира независна комисија која ќе ги разгледа жалбите на купувачите на кои им е ускратено рефундирање на трошоците или заменско возило.