Furkan Naci Top
26 Април 2018•Ажурирај: 27 Април 2018
АТИНА (АА) - Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, во рамките на посетата на Грција, им се обрати на пратениците во грчкиот Парламент, јавува Anadolu Agency (AA).
Во своето обраќање, меѓу другото, Јункер се осврна и на проблемот меѓу Грција и Македонија околу името, истакнувајќи дека Грција има посебна геоположба и додаде дека не посакува повторување на трагедијата која го зафати Балканот во 1990-тите години.
Јункер посочи дека е потребно балканските земји, пред приемот во ЕУ, да го решат проблемот со границите.
„Повикот на Комисијата за преговори со ФИРОМ (Македонија) и Албанија не подразбира дека е доделен и датум за тоа. Не треба да го нарушуваме кредибилитетот со нереални изјави. Потребно е секој тоа да го оцени на еден објективен начин.“
Јункер истакна дека проблемот меѓу Македонија и Грција околу името е прашање кое треба итно да се реши.