Mahmoud Barakat
26 Април 2018•Ажурирај: 26 Април 2018
ЕРБИЛ (АА) - Премиерот на Ирак, Хајдар ал Абади, денес допатува во посета на Ербил, главниот град на Регионалната курдска управа на северниот дел на земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
По вчерашната посета на Сулејманија, Ал Абади денес допатува и во Ербил, што е негова прва посета во двата најголеми града на Регионалната курдска управа од минатогодишниот нелегитемен Референдум за независност на тој регион.
Ал Абади на Меѓународниот аеродром во Ербил го дочека премиерот на Регионалната курдска управа, Нечирван Барзани.
Паралелно со состаноците кои ќе се одржат со покраинските официјални претставници, Ал Абади во посета на северниот регион на Ирак допатува и за предизборни цели.
Парламентарните избори во Ирак ќе се одржат во текот на претстојниот месец, а Ал Абади како лидер на шиитската алијанса „Тахаалуф ал Наср“ сака повторно да избори мандат на чело на ирачката Влада.
Главните аргументи кои Ал Абади, за време на предизборната кампања, ги припишува на својата влада се победа над терористите на ДЕАШ, спречување на имплементацијата на Референдумот во Регионалната курдска управа и борбата против корупцијата.