Mahmoud Barakat
23 Август 2017•Ажурирај: 23 Август 2017
БАГДАД (АА) - Американскиот државен секретар за одбрана, Џејмс Матис, му пренесе на ирачкиот премиер Хајдар ал Абади дека Вашингтон ја одбива секоја акција што претставува закана за територијалниот интегритет на Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
Матис вчера пристигна во ненајавена посета во Багдад.
Според соопштението издадено од кабинетот на ирачкиот премиер, американскиот државен секретар за одбрана подоцна се состана со Ал-Абади, при што двајцата дискутираа за зајакнување на билатералната соработка во областите на воена обука и вооружување, како и за борбата против тероризмот.
„САД ја поддржуваат одржливоста на единството на Ирак и ја одбиваат секоја акција што е со цел за поделба и дестабилизација“, беше цитиран Матис во соопштението.
На 25. септември, жителите на овој регион ќе учествуваат на референдумот за тоа дали да се прогласи или не официјална независност од ирачката држава.
Багдад ги одбива планираните избори, велејќи дека тие можат негативно да влијаат на борбата против ДЕАШ, која и покрај неодамнешните порази, сѐ уште има значајно присуство во Ирак.
САД исто така изразија загриженост дека референдумот би можел да го одвлече вниманието од другите регионални прашања, особено од борбата против тероризмот и политичката стабилизација на Ирак по победата над ДЕАШ.