İbrahim Hakkı Çetinkaya
22 Декември 2020•Ажурирај: 23 Декември 2020
АНКАРА
Во авионската несреќа што се случи при пад на мал авион во американската сојузна држава Тексас животот го загубија две лица, известува Агенција Анадолија (АА).
Федералната администрација за авијација на САД информираше дека вчера мал авион се урнал на 1,5 километар од аеродромот „Гранд Прери Мунисипал“ западно од градот Далас во Тексас.
Робер Фајт, шефот на регионалната противпожарна служба, информираше дека авионот првенствено удрил во телефонски столб, се влечкал 150 метри, по што удрил во камионетка што се движела по автопатот.
Претставници на противпожарната служба соопштија дека загинале две лица што се наоѓале во авионот, а полесно е повредено едно лице од камионетката.
Во тек е истрага за откривање на причината за падот на авионот.