Esra Tekin, Medina Choreska
10 Ноември 2026•Ажурирано: 10 Ноември 2026
САД вчера евакуирале неколку американски авиони од британската воздухопловна база РАФ Милденхол, по наводна закана од Иран, објави „Волстрит журнал“, пренесува Анадолу.
Сепак, американските претставници сè уште не разјасниле дали заканата била непосредна или од поопшт карактер.
Според податоците за следење на летовите и претставници запознаени со ситуацијата, два американски авиони цистерни за полнење гориво првично биле пренасочени кон Германија, додека неколку други летала подоцна биле преместени во Германија и на други локации.
Воздухопловните сили на САД одбија да коментираат за конкретните движења, објаснувајќи само дека американските авиони редовно се преместуваат меѓу различни бази од оперативни причини.
Белата куќа ги пренасочи прашањата до Пентагон.
Овој развој на настаните следува по слична одлука минатиот месец, кога Пентагон ги повлече бомбардерите Б-1 од базата РАФ Ферфорд поради загриженост од наводен заговор поддржан од Иран, чија цел биле американски пилоти и авиони, со употреба на дронови и други методи.
Иран предупреди дека секој американски воен напад врз него би можел да предизвика одмазднички реакции што би се прошириле и надвор од Блискиот Исток.
Во меѓувреме, високите конгресни лидери задолжени за политички и разузнавачки прашања, познати како „Бандата на осумтемина“, вчера биле информирани за заканите поврзани со Иран.