Emel Gözellik
22 Декември 2020•Ажурирај: 24 Декември 2020
АНКАРА (АА) - Новиот вид коронавирус (Ковид-19) за прв пат е регистриран на Антарктикот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста објавена во „Гардијан“, случаите со Ковид-19 биле откриени за прв пат во истражувачката база „Генерал Бернардо О’Хигинс Рикелме“ на Антарктикот, единствениот континент што досега не беше зафатен од епидемијата на коронавирусот.
Во изјавата дадена од чилеанската Армија се наведува дека 36 граѓани на Чиле, од кои 26 војници, се заразени со Ковид-19 во истражувачката база.
Исто така се вели дека лицата од персоналот, чии тестови биле позитивни, се однесени во градот Пунта Аренас во Чиле и се ставени во карантин. Се додава дека 36-те лица се во добра состојба.
Наведено е дека бројот на населението на континентот изнесува 1000 лица во зима и 5 илјади во лето. Тоа се лица кои работат на островот или научници кои истражуваат. Островот нема постојани жители.
Вкупниот број откриени случаи на Ковид-19 во светот надмина 77.7 милиони, додека од вирусот починаа над 1.7 милиони лица.