Abdullah Aşıran
22 Декември 2020•Ажурирај: 23 Декември 2020
РОТЕРДАМ (АА) - АБДУЛАХ АШИРАН -
Холандскиот премиер, Марк Руте, покажувајќи голем интерес за книгата од студентката со турско потекло, напишана за демократијата во земјата, рече дека срдечно им ја препорачува на сите, јавува Агенција Анадолија (АА).
Премиерот Руте ја прими 18-годишната Дилара Билгич, родена во Адијаман, авторка на книгата „Демократија на црната кутија“ (De Blackbox Democratie).
Тој за време на состанокот со Дилара рече дека по препорака на пријател ја прочитал книгата на младата девојка за новиот политички систем за Холандија и дека била многу интересна.
За време на состанокот, Руте, споделувајќи ги своите размислувања за книгата, истакна: „Книгата навистина ме привлече. Јас срдечно ја препорачувам на сите.“
Во изјавата за Агенција Анадолија (АА), Билгич, истакнувајќи дека е горда за интересот на премиерот за книгата, рече дека книгата започнала да ја пишува на 16-годишна возраст.
Наведувајќи дека била поканета од секретарката на премиерот и дека ја прифатила поканата, Билгич рече:
„Премиерот ја прочита мојата книга по препорака на негов пријател и сакаше да се сретне со мене. Посебен момент е што тој ме пречека во неговата канцеларија. Затоа многу сум горда што покажа интерес за мојата книга меѓу толку книги напишани за политиката. Издавачката куќа ми рече: ‘Немој да имаш многу големи очекувања, нема да се чита премногу‘. Но, пријатно е чувството што мојата книга достигна до места што никогаш не ги очекував.“
Билгич, истакнувајќи дека го анализирала холандскиот политички систем на првите 80 страници од книгата, што содржи 112 страници, рече: „Во анализата што ја направив на последните страници од книгата, понудив алтернативни решенија за холандскиот политички систем. Се обидов да најдам решенија за социјалните проблеми и за дилемите на демократијата.“
Посочувајќи дека сака само да даде мал придонес во светот на мислата, Билгич додаде:
„Мојата анализа започна со истражување дали контрадикторните изјави дадени од страна на политичарите за медиумите се корисни или штетни за демократијата. Во политиката, без да се обвинува некој, вината треба да се бара во системот. Потребно е да се погледне системот каде што се прават грешките, а не личноста. Во мојата книга јас повеќе се фокусирав на тоа. На премиерот му се допадна тоа што јас понудив алтернативно решение, покрај анализата за ќор-сокакот на демократијата во Холандија.“
Билгич наведе дека ја пишува втората книга во која раскажува за себе и за борбата против предрасудите.
„Премиерот, исто така, покажа голем интерес за оваа книга и совет на премиерот е дека ‘секогаш ќе има критики, но најважно е да одите со тие лица да разговарате и да откриете зошто критикуваат‘. За тоа прашање пишувам во мојата втората книга.“
Билгич, истакнувајќи дека добила понуди од некои политички партии во земјата, рече: „Тие понуди не ги прифатив. Сакам да обединувам различни култури и на светот да гледам преку други очила. Можеби во иднина може да влезам во политиката, но во моментот не размислувам. Мојата цел е да научам да ги гледам другите без предрасуди. Сакам да се спротивставам на предрасудите.“