Eşref Musa
22 Декември 2020•Ажурирај: 23 Декември 2020
АЗАЗ (АА) - Абдурахман Мустафа, претседателот на сириската привремена Влада, заблагодарувајќи се на вработените во Агенцијата Анадолија (АА) затоа што светот го известуваше за фактичката состојба од регионот, им врачи плакета.
Привремената Влада, формирана од сириските опозиционери, им додели плакета на вработените на Агенција Анадолија.
Дописникот на АА за Сирија, Омер Копаран, ја прими плакетата од Абдурахман Мустафа, претседателот на сириската привремена Влада, и од Салем Абдулазиз Муслат, генерален секретар на Собранието на племињата.

Говорејќи на церемонијата за доделувањето на плакетата, Мустафа рече дека АА го пренела гласот на луѓето од регионот во Сирија низ целиот свет.
Наведувајќи дека АА одиграла важна улога во пренесување на вистинските и праведни барања на сирискиот народ на објективен начин, Мустафа рече:
„Сакаме да се заблагодариме на сирискиот персонал на Агенцијата Анадолија за нивните напори вложени во сириската кауза. Оваа симболична плакета за благодарност им ја подаруваме ним.“