Mustafa Deveci
29 Јануари 2018•Ажурирај: 30 Јануари 2018
КАБУЛ (АА) - Пет авганистански војници го загубија својот живот во нападот извршен врз воената база во авганистанскиот главен град, Кабул, пренесува Anadоlu Agency (AA).
Во соопштението на Министерството за одбрана на Авганистан се наведува дека нападот се случил во 04.00 часот по локално време, кога петмина вооружени напаѓачи се обиделе да влезат во воената база во западниот дел на Кабул.
Портпаролот на министерството, Девлет Везири, истакна дека едниот напаѓач ја активирал бомбата што ја носел со себе на влезот од базата на 111. Национална бригада, со цел да им го олесни влезот на другите напаѓачи.
Везири информираше дека судирот меѓу напаѓачите и војниците траел четири часа, при што биле убиени тројца напаѓачи, додека еден напаѓач е заробен. Везири истакна дека во нападот животот го загубиле петмина војници, додека 10 се повредени.
Сè уште никој не ја презеде одговорноста за нападот.